Променливо облачно, од вечерва можен дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.



Попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Дневната температура во сабота ќе опадне за неколку степени.

Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.