Денес (понеделник) времето ќе биде променливо облачно, свежо и нестабилно со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Максималната дневна температура ќе се искачи до 30 степени.
Нестабилно и променливо ќе биде и во Скопје, каде попладнево се очекува пороен дожд проследен со силен ветер и грмежи., со максимална дневна температура до 29 степени.
Локално невреме се очекува во попладневните часови а температурите ќе бида за 10 степени пониски од изминатиов период.
Слично време нѐ чека и во следните денови, најавуваат од УХМР.
За утре (вторник) метеоролозите прогнозираат нестабилно време со услови за дожд и грмотевици.







