По скоро пет години и 173 испечатени броеви на весникот „Скопско Ехо“, неделникот добива нов главен и одговорен уредник.
Од овој број со овој медиум (како и со истоимениот портал) раководи Христо Ивановски, новинар со тридецениско искуство.
Ивановски (лево на фотографијата) работел во весниците „Нова Македонија“ и „Дневник“, каде имал уредничка позиција, како и во неколку портали, а беше и политички аналитичар во националната ТВ Алфа.
Тој најавува дека ќе го продолжи уредувачкиот тренд и стандардите кои во многуте броеви ги има поставено весникот, а тоа е пред се да му се даде значење и достојно место на граѓанинот, или како што самиот вели: „Ехото на граѓанинот е посилно од гласот на политичарите“.
Извор Скопско Ехо






