Академик Таки Фити денеска во МАНУ ќе ја отвори дискусијата на третата дебата за нацрт амандманите за промена на Уставот на која ќе се обратат вицепремиерот, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Академик Владо Камбовски и универзитетскиот професор, Светомир Шкариќ ќе дадат експертски осврт.
Вчера, во обраќањето во втората дебата што се одржа во Универзитетот ФОН, премиерот Зоран Заев, меѓу другото изјави:
„Нема да бидеме северномакедонци, а нема да го носиме ни срамот на ФИРОМ-ци, треба да размислиме и што ќе им оставиме на нашите деца“.





