Корисниците на масло од канабис лекoт и натаму го набавуваат на црно.  



„Кај нас во моментов во аптеките нема ништо затоа што скоро сите препарати кои се на база на канабис не се со доволна концентрација и се колку да им ги замачкаат очите на пациентите. Кај нас, реално законот се донесе зошто државата виде дека луѓето го користат вака или онака и реши да се качи на тој воз, со тоа што пак пробуваат да не манипулираат“, вели основачот на здружението „Зелена Алтернатива“ Филип Достовски, за ТВ 24

Домашните одгледувачи, чии магацини се полни со залихи од канабис, кој не исполнува стандарди за продажба и преработка за медицински цели, бараат донесување на закон по што ќе можат да иозвезуваат и цвет од канабис.

„Ќе биде проблем ако не се исполнат ветувањата. Сериозен проблем ќе биде, затоа што ние планираме дури и да им донесеме канабис пред влада, ако не не затворат пред тоа, да им го донесеме и да ги јадат кравите. Значи мора сериозно да реагираат, не е шала ова, многу луѓе од нив имаат вложено станови куќи, значи ќе им земат се.“ – вели  Костадин Дуковски, претседател на Здружението на одгледувачи на канабис за медицински цели „Маккабанис“