Кризниот штаб на Белград денеска прогласи вонредна состојба во српската престолнина поради влошената епидемиолошка состојба.
Според информациите дури 82 проценти од заразените со коронавирус во Србија се наоѓаат на територијата на главниот град.
Мерките, како то пренесуваат медиуми предвидуваат забрана за влегување во затворени простории без маска, каде ќе треба да се почитува растојанието од 1,5 метри, додека сите што користат јавен превоз ќе треба да носат маски, за што ќе бидат предвидени одредени санкции.
Покрај тоа, ќе биде забрането да се соберат повеќе од сто луѓе во затворено и повеќе од 500 на отворено.
Работата на угостителите ќе биде ограничена и нема да работат помеѓу 11 и 6 часот наутро.




