Тридневна жалост почнувајќи од денеска предмалку прогласи Владата на Република Северна Македонија поради несреќата која се случи околу 2 часот по полноќ на магистралниот пат „Струма“ во Бугарија, а во која загинаа најмалку 45 лица од кои 12 малолетници, односно најголем број македонски државјани.



Бугарската новинска агенција јави дека ден на жалост прогласила и општината Благоевград за загинатите во несреќата, но и за жртвите во пожарот кој вчера се случи во старечкиот дом во селото Ројак.

Останатите седум патници кои биле во автобусот, како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче се згрижени во болницата „Пирогов“ во Софија и се надвор од животна опасност.