Прогласен полициски час во Македонија (ВИДЕО)

Владата вечерва донесе мерка за ограничување на движењето на граѓаните.
вп период од 21 навечер до 6 часот наутро секој ден.



Мерките мораат да ги почитуваат сите граѓани за да се спаси народот и државата, ијави вечерва техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Одлуката за полициски час е донесена врз основа на сугестија на националната комисија за борба против коронавирусот.

Со цел спречување на ширење на вирусот забранува движење на цела територија и за сите граѓани освен за луѓето кои имаат итна медицинска потреба во придружба од најмногу две лица.

Од забраната за движење се исклучуваат и здравствени работници за кои има неопходна потреба.

дД мерката за двишење се исклучуваат и сите полицајци и војници и сите други кои вршат работа од интерес во битката со коронавирусот.

Со мерката се наложува да се намали бројот на аптеки и на такси возила.

Со мерката се забранува јавен превоз од 06 до 21 часот.

Изјавата на Спасовски во продолжение