„Треба да се покрене проект за попишување секој Албанец. Пописот во с.Македонија го истакна неуспехот да се спроведе реална и објективна ваква статистичка операција. Уште од почетокот со игрите што се правеа се покажа дека процесот на попишувањето ќе биде продолжение на искажување на нереалната бројка на Албанци.“ – вели Арсим Синани од Македонија, доктор по политички науки и професор на Универзитетот во Приштина, во својата колумна со наслов „Да се покрене проект за попишување на секој Албанец“, која ја објави весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.
Синани пишува: „Пописот со двата вида резултати покажува дека има за цел да ги задоволи апетитите на македонската страна, но и да ги задржи Албанците со правата од Охридскиот договор.“
„Владејачката албанска партија ДУИ и опашките околу неа продолжуваат да бидат во служба на македонската државна политика. Потребно е внимателно да се анализираат резултатите од пописот и да се покрене проект за попишување секој Албанец.“





