Професорот Села прогласи 85 % од Македонците за дестабилизирачки фактор

„Постојат дестабилизирачки елементи во земјата, кои се поврзани со Истокот. Но, потребна е смелост, за да се подвижи земјата напред кон интегрирањето во ЕУ, исто како што се случи пред неколку години со зачленувањето во НАТО. Албанските политичари, без разлика, секогаш биле за европските вредности.“ – изјави Илбер Села, универзитетски професор по политики науки и евроинтеграции во Факултетот за општествени науки на Штуловиот универзитет во Тетово, во емисијата „99 минути“ на ТВ Клан Македонија.



Со оваа изјава, која се однесува на противниците на уставните промени, Села ги обвинува 85 проценти од Македонците дека се дестабилизирачки елементи.

Според анкетите, толкав е процентот на Македонците ,кои се противат на промена на уставот, а 65 од сите граѓани се со истиот став. Огромен дел од нив немаат проруски ставови туку се за ЕУ и НАТО.

Илбер Села е претходен директор на државната Агенција за спроведување на законот за јазици и кандидат за амбасадор на Македонија во Берлин.

Во својата информација со наслов „Евроинтеграции? – Илбер Села: Потребни ни се смели политичари“ ТВ Клан Македонија го пренесува и следниов став, што го изнесе Илбер Села во емисијата: „Нормално, нам ни се потребни смели политичари, а Балканот имал такви политичари. Ние го сменивме името на државата и секако ни требаше волја, енергија, смелост, посебно од македонската страна.“