Професорот Јанев сугерира Русија да го води процесот за името во Советот за безбедност

Ако претседателот Иванов сака да направи нешто за Македонија тој мора да даде дозвола Русите да тргнат во акцијата во Советот за Безбедност (СБ) на ООН за прогласување на преговорите за името како пропаднати, со предлог СБ да даде препорака до Генералното собрание да го ПРОДОЛЖИМЕ членството во ООН под уставното име Република Македонија, пишува професорот Игор Јанев кој дава сценарио и за развој на настаните во кој предлогот на Русија ќе пропадне во Советот за Безбедност (СБ):



1. На истата седница на СБ, Русија да бара СБ да постави барање до Меѓународниот суд за правда (МСП) за оценка на ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ за приемот во ООН 1993 (кои се нелегални);

2. Доколку, нема согласност за ваквата резолуција Русија да даде изјава дека СБ е во блокада и опструкција, и по истите причини како 1947, да бара Генералното собрание на ООН да ја упати ваквата иницијатива (од Генералното собрание на ООН) за добивање на опишаното Советодавното мислење од судот за легалитет на дополнителните услови, при приемот во ООН, за Македонија.

3. Потоа, Русија треба ваквата иницијатива, со образложение за пат позицијата во СБ (по истите причини како 1947), да иницира во Генералното собрание на ООН за добивање на Советодавното мислење од судот (МСП) за легалитет на дополнителните услови за Македонија. Постапката оди преку Генералниот комитет на Генералното собрание на ООН, кој ги утврдува точките на дневен ред.

4. Во меѓувреме, Иванов треба да ги повика сите држави во ООН, вклучувајки и државите со кои немаме дипломатските односи, да не признаат под уставното име Република Македонија

5. Деталите на постапката, која треба да се направи може да се види на Петицијата:

https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un )

Според професорот Јанев националниот идентитет не може да се оспорува во ОН.

“Амбасадорите во Советот за безбедност и Генералното собрание на ООН во 93’ во ОН не сфатија дека во случајот со Македонија не се работи просто за “разлика” околу името, туку за национален идентитет! Грчката стратегија пред 25 години беше да исчезне македонскиот идентитет, а преку резолуциите на ООН кое проблематизираат Македонскиот идентитет”, смета професорот Јанев.

Јанев не прецизира како претседателот Иванов ќе даде дозвола на Русија за акција во Советот за безбедност ниту какви ќе бидат последиците од пиврзувањето на Македонија со Русија на ваков начин по членството во ЕУ и НАТО и односите со стратешкиот партнер САД кои можат да ги блокираат сите одлуки на Советот за безбедност.