„Изборот на Талат Џафери како албански премиер ја легитимира праведната борба на УЧК во 2001 година!“ – вели д-р Енвер Битиќи, професор по политичка историја и меѓународни односи во Универзитетот „Александер Мојсиу“ во Драч, во Албанија, во својата колумна, која ја објави косовскиот весник „Бота сот“. Тој е и извршен директор на Институтот за студии на Југоисточна Европа во Тирана и влијателен политички публицист.
Покрај другото, во колумната професорот Битиќи пишува: „Изборот на Талат Џафери на чело на владата им чини чест на Албанците насекаде каде што живеат, но им чини чест и на Македонците, кои, прифаќајќи го Џафери како албански премиер, конечно прифатија дека била праведна и легитимна борбата на Албанците во 2001 година за еднакви права!“
Ете, професорот Битиќи им упатува директни и штедри „пофалби“ на раководството на СДСМ, на неговиот лидер и сега веќе поранешен премиер Димитар Ковачевски, но и особено на пратениците на оваа лажномакедонска партија во Парламентот, кои го изгласаа и го „прифатија“ Талат Џафери – „Командант“ Форина“ од 2001-та година како „прв албански премиер“, во „пакет“ со неговиот „командантски придонес кон УЧК“.
Сега преостанува и раководството и пратениците на СДСМ возвратно да му се заблагодарат на Талат Џафери, поради тоа што и ним им „укажал чест“, со тоа што е избран како „албански премиер“.





