Професорката Котеска се извини за ,,епитет” кон Пендаровски, не бил смрдла туку смрдеж

Откако вчера претседателот Пендаровски го прифати францускиот предлог и влезе во недозволена рамена на навреди со политичари професорката Јасна Котеска фигуративно го нарече смрдла.



Таа подоцна се поправи и по сугестија од експерти за родови именки го повлече именувањето на Пендаровски како смрдла.

,,Ми посочија во порака дека претседателот не треба да го нарекувам смрдла, зашто е во женски род и звучи несоодветно, а посоодветно е „Смрдеж како соодветно фин опис“.
Се согласувам и се извинувам за родовата нечувствителност. Претседателот е смрдеж. И се согласувам со Апасиев”, порача професорката која за вчерашното однесување и национално предавство бара на Пендаровски да му се изгласа недоверба во Собранието.