Професорката Јасна Котеска која беше критичар на погрешните политики и на владите на Никола Груевски и на Зоран Заев со невообичаена директна прозивка на членовите на редакцијата на македонски јазик на германскиот државен сервис Дојче Веле.
“Дојче веле на македонски се’ повеќе тоне во својата безизлезна идеолошка реторика.
Кога сте платеници и дното е длабоко, нели?
Најнов наслов на порталот: „А зошто Црвенковски да не биде мандатар?”, коментира професорката Котеска.
На професорката која учествува на проекти на врвни меѓународни образовни институции најмногу и е криво што со себе членовите на македонската редакција на Дојче Веле кон дноото ја повлекле и Кица Колбе.
“Сите романи и’ се за правата на егејските Македонци, кои според чл. 7 од Преспа повеќе не постојат и со тоа ја закопавте нејзината книжевност. Ни ЕУ ни бутур има.
Платеници е мало име за тоа што сте”, порачува Котеска која важи за умерен и објективен проследувач на македонските состојби во политиката и новинарството.
Котеска реагира на овој текст на Дојче Веле.
Дојче веле @DeutscheWelle на македонски се’ повеќе тоне во својата безизлезна идеолошка реторика.
Кога сте платеници и дното е длабоко, нели?
Најнов наслов на порталот: „А зошто Црвенковски да не биде мандатар?”
😂— Jasna Koteska (@JasnaKoteska) November 6, 2021






