Една од најактивните јавни личности против промената на името професорката по политички систем Тања Каракамишева денеска морала да се јави во полиција.
Ја пријавил македонскиот Хелсиншки комитет.
” Само што излегов од полициска станица Центар.
Вчера ТРОЈЦА полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица “под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Пријавена сум од ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ по чл. 319 од КЗ “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа”.
Фејсбук статусот за кој сум под сомнение се однесува за мигрантите”, објави професорката за која јасно е дека власта започнува силен политички прогон кон сите кои се противат на нејзините политики.
“ПОЛИТИЧКИОТ ПРОГОН ГО ПУШТААТ НА МАКСИМУМ.
ХЕЛСИНШКИ, ДЕЖУРНИ БРАНИТЕЛИ НА ВЛАСТА, ЌЕ СЕ ВИДИМЕ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА!
ВИЕ ЌЕ СЕ СРАМИТЕ ОД СВОИТЕ ПОСТАПКИ, ЈАС ЌЕ ОСТАНАМ НА СТРАНАТА НА ВИСТИНАТА И ПРАВОТО!
НЕМА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ! НЕМА ДА МЕ ЗАПЛАШИТЕ!
БОРБАТА ПОЧНА, НЕМА ВРАЌАЊЕ”, порачува професорката Каракамишева.




