Испровоцирана од лошиот менаџмент со езерото, мизерниот третман на новинарите, катастрофалните архитектонски и урбанистички решенија како и дивите депонии во Струшко кои ги дозволува и не ги санира струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, професорката Мирјана Најчевска сите граѓани кои пак би го гласале за градоначалник ги нарекува кретенски и глуп народ.
“Кој кретенски народ би го избрал Мерко за градоначалник.
И тоа не еднаш.
Мислам колку глуп треба да си”, пишува Најчевска во контроверзната изјава која може да биде доживеана како говор на омраза поради користењето на квалификациите глуп и кретенски народ за тие што пак ќе гласаат за струшкиот градоначалник.





