Во контекст на владината забрана лицата со попреченост да постават шатори пред Собранието во “Жена парк” со цел постојани протести професорката од Институтот за македонски јазик Симона Груевска Маџоска открива кога и на кој начин премиерот Заев ја киднапирал Шарената револуција.
“Моментот кога се поставија шаторите на СДСМ пред Владата беше киднапирање на Шарената револуција. Оттогаш останатите веќе не излегоа на протест. Би сакала некој да сподели снимка од обраќањето на Заев пред седиштето на ЕУ кон демонстрантите за да се види како беше дочекан!
И сега без трошка срам не дозволувале поставување шатори! Дното ви нема крај!”, пишува Професорката укажувајќи на двојните стандарди на Заев кога се работи за правото на протести.
Моментот кога се поставија шаторите на СДСМ пред Владата беше киднапирање на Шарената револуција. Оттогаш останатите веќе не излегоа на протест. Би сакала некој да сподели снимка од обраќањето на Заев пред седиштето на ЕУ кон демонстрантите за да се види како беше дочекан! 1/2
— Simona Gruevska (@simonagrum) July 24, 2021






