Професорка очекува Ескобар да оди во Слупчане ако во Македонија иде да преговара

Ако американскиот висок претставник на Стејт департментот Габриел Ескобар во Македонија доаѓа да преговара најдобро да се упати кон селото Слупчане каде што се водат преговори.



Оваа сугестија до американскиот ,,дипломатски булдожер” ја упатува професорката Дарија Андовска која анализата ја прави на досегашните искуства според кои кога странците одат во владата таму нема преговори затоа што власта на СДСМ и ДУИ прифаќа се што се бара од неа.

,,Очекувам Ескобар да појде во Слупчане, таму се преговара.
Во влада не се преговара, таму сервираат на тацна сè што ќе се побара од нив.
Без размислување за последици”, пишува Андовска за посетата на Ескобар кој во Македонија доаѓа вечерва.

За утре се очекува Ескобар да има средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од која власта очекува промена на ставот на опозицијата за уставните измени.

Последниве неколку месеци во Слупчане се водеа преговори меѓу ЕВН и локалните жители кои не сакаат да плаќаат за потрошената електрична енергија.