Сериозни обвинувања на професорката Мирјана Најчевска кон медицински персонал кој според неа е член на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Професорката чиј сопруг иако пензиониран неодамна замина за амбасадор тврди дека фатила корона затоа што членови на ВМРО-ДПМНЕ вработени во здравствена установа каде што се лечела не ги почитувале протоколите.
“Јас ја фатив од доктор вмровец и од сестри вмровки кои не почитуваа минимум стандарди во простории на институција за јавно здравје, багро неписмена”, пишува Најчевска.
Таа не открива дали против тие што ги обвинува за заразување на пациент поднела кривична пријава за загрозување на личното здравје.
Најчевска тврди дека партиската припадност на докторот и сестрите ја утврдила по нивното однесување.
Сите коментари на нејзиниот твит
Јас ја фатив од доктор вмровец и од сестри вмровки кои не почитуваа минимум стандарди во простории на институција за јавно здравје, багро неписмена.
— Мирјана Најчевска (@ibogovitelicno) April 19, 2021





