Професори барале секс за 6-ка

Истражување спроведено во рамки на проектот проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование“, на Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа покажа дека на двата универзитети во Тетово професори барале секс од студент(к)и во замена на положен испит.



Од 334 студенти кои биле анкетирани, 15 навеле дека им биле побарани сексуални услуги од професори на двата Универзитети во Тетово, покажа истражувањето а споменатите услуги биле баранипретежно од студентки.

„Анкетата во проектот и воопшто информациите кои ги имаме покажуваат дека жените се повеќе дискриминирани. Со оглед дека студентите ги кажале и имињата на професорите, може да се каже дека меѓу нив има и луѓе на високи позиции во државните институции. Ние ќе ги доставиме информациите до управите на Универзитетите и до надлежните институции кои треба да ги процесуираат случаите“, изјави Рита Бехадини од Феминистичкиот клуб.

Извор: Слободен печат