По објавата на професорот на Филозофски факултет др. Владимир Трајковски на Фејсбук до неговите студенти родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање да ставаат исклучително само Македонија, тој беше бомбардиран од критики, но и одобрувања за ставот дека Република Македонија постои само 5 години и дека на факултетот не студираат деца од пет гоидини
„Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам“, порача професор Трајковски кој „се закани“ дека ќе им дава пониска оценка на оние кои не го почитуваат тоа.
Вчера, во контекст на реакциите војавноста на неговиот повик до студентите, тој реагираше со уште една објава за која рече дека е последна на оваа тема.
„Што покажа вчерашниот социјален експеримент?
1. Дека во Македонија има лица со ниска самосвест за идентитет, име, односно анационални ликови.
2. Низок степен на интернет култура, а висок степен на простотилук.
3. Дека има многу „пациенти“ со Стокхолмски синдром.
5. Како се прави вирален пост
Ова е последен мој пост и коментар на оваа тема на мојот ѕид“, напиша професорот Трајковски.






