Професорот Дејан Трајковски се огласи со свој став во однос на официјалниот извештај за пожарот во модуларната болница во Тетово кој се случи на 8.септември вечерта, во кој се вели дека причина за пожарот бил – прегреан продолжен кабел.
„…доколку продолжниот кабел бил исправен (изработен според стандарди), електричната инсталација во ѕидот била исто така според стандарди, а осигурачите исправни, немало шанси да се случи запалување на кабелот, дури дефибрилаторот да бил неисправен и да повлекол премногу струја“, пишува Трајкобски за Фејсбук.
„Високи преодни отпори не можат да се појават во исправен продолжен кабел.
Заклучок: никогаш не купувајте евтини продолжни кабли од пазар. Независно од причината за палењето, доколку ѕидовите не биле од ПУР пена, туку биле почитувани препораките на Здружениот истражувачки центар (Joint Research Center – JRC) на Европската комисија (EC), според кои ковид-болниците со висока концентрација на кислород треба да се градат според стандардите за хемиски фабрики, немало да дојде до ширење на пожарот.
Несереќен сплет на околности, но истовремено опомена дека истото може да се повтори во преостанатите модуларни болници со ѕидови и тавани од ПУР пена. Проблемот останува и катастрофата само чека повторно да се случи“, пишува Трајковски на Фејсбук.







