Албанските партии на власт и во опозиција треба да побараат да се прогласи фискална автономија на така наречените албански општини, со цел парите да остануваат во општините со мнозинство албанско население, бара универзитетскиот професор Башким Селмани, пренесе „Курир“.
„Според податоците кои ги имаме, сега веќе сме во многу тешка економска состојба. Секој граѓанин веќе го заборавил етничкиот и национален идентитет, затоа што се е загрозено од економскиот аспект.
Затоа ние треба да побараме да се прогласи автономија фискална, со која сите пари ќе остануваат во албанските општини. Ако ова не се случи тогаш ви гарантирам дека нема да остане Албанец низ нашите општини“, рече универзитетскиот професор Селмани во емисијата “99 минути“ на телевизија Клан Македонија.




