Професорот од Машинскиот факултет во Скопје Атанаско Тунески открива можен владин криминал вреден 2,4 милијарди евра.
Во емисијата ,,Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ експертот за енергетика Тунески открива фрапантни информации за проектот Чебрен кој владата сака да го продаде на грчка компанија.
Иако за ова тема во јавноста се говори подолго време екс директорот на МЕПСО и екс членот на Регулаторната комисија за енергетика во Заспиј ако можеш објави низа фрапантни информации кои се индиции дека владата прави огромен криминал со концесијата за грчката компанија.
Туневски открива дека грчката компанија како владин влог ја добива хидроцентрала Тиквеш која годишно со пазарни цени носи 40 милиони евра профит што значи дека инвеститорите само од ХЕЦ Тиквеш ќе заработат чисти 2,4 милијарди евра и со тоа ќе повратат речиси два и пол пати повеќе од тоа што би го вложиле.
Според Тунески голем проблем е и тоа што Македонија ќе има право на 33 проценти од профитот на Чебрен – Тиквеш затоа што грчката фирма може на разни начини да прикажува помал профит и со тоа Македонија да добива ситен ќар.
Тунески се чуди зошто владата одбила германска понуда во која Македонија ќе била сопственик на речиси половина од струјата за да прифати понуда со која ќе има право да купува струја по пазарни цени што може да го стори и без да ги дава Чебрен и Тиквеш на грчки инвеститори.
Според него Македонија е способна сама да го изгради овој проект кој владата во крајно сомнителни околности го дава на грчката компанија.
Возбудливата и на моменти емотивна емисија која изобилува со вџашувачки податоци во ова видео





