Професор од Колумбија за македонскиот кафез на смртта и глупердата

Македонскиот научник Горазд Росоклија кој работи на престижниот американски универзитет Колумбија од Њујорк со коментар за трагичната состојба во Македонија која има минимална бројка на вакцини, каде умираат десетици луѓе секој ден а нејзиниот премиер прави шеги и се смее секојдневно во јавноста.



“Македонија ја претворија во кафез од кој смртта секој ден извлекува 20 или 30 луѓе, а другите се надеваат дека тие не се следни. И глупердата што е најодговорна за таквата состојба, прави дебилни шали. Само извитоперен ум, може да прави шали за сметка на луѓе кои умираат”, пипува професорот Росоклија кој не може да разбере како е можно да ви умираат граѓани а вие како премиер да се смеете секој ден.