Професорот од универзитетот Свети Климент Охридски од Битола Јово Кекеновски смета дека Македонија ќе остане без политичари ако САД ги оствари заканите дадени преку високиот претставник на Стејт Департментот Габриел Ескобар за елиминација на сите корумпирани функционери на Балканот.
Професорот Кекеновски се сомнњва дека САД навистина ќе го спроведе најавеното.
,,Доколку се случи Ескобар и САД да ја реализаираат најавата дека ќе ги санкционираат сите корумпирани функционери на Балканот, тогаш наша Македонија ќе остане без политичари и функционери.😃🤣
Господине Ескобар доста ни е од вербални јалови најави. Потребно е итна акција, иако се сомневам дека воопшто нешто ќе превземете. Не сте ни прв ни последен кој нешто најавил, а воопшто не реализирал”, смета Кекеновски .






