,,МЕЃУНАРОДНАТА”
Позитивните промени во една земја, никогаш, низ целата историја на државите на сите континенти, не ги донела никаква ,,меѓународна”, туку едуцираноста на населението и позитивната селекција на едуцираните.
Во земја со помалку од 10% население со формална диплома, промени би донело образувањето на 100 или 1000 Македонци годишно на универзитетите на таа ,,меѓународна, што е поефтино од само еден ден фрлање бомби наоколу.
Ова како илустрација за желбата на ,,меѓунардната” да не менува нас на Балканот.
Европските општества се менуваат и напредуваат со едукација и наука, а македонското ќе се менува со интервенција?
Читајќи ги биографиите на луѓето кои ,,меѓународната” ги испраќа или ангажира околу ,,македонското прашање”, не претпоставувам туку знам, дека тие, во институциите во кои се менува светот (академски, научни, финансиски, бизнис и т.н.), не би можеле да ги чистат ходниците.
Некреативни, неталентирани, интелектуално неамбициозни бирократи, непотребни во сопствените земји во институциите што креираат, ја сочинуваат ,,меѓународната”.
Тие ли ќе ја менуваат Македонија кон подобро?
А нив ги слушаат не само македонските кловнови што глумат власт, туку и така наречената интелектуална елита која низ медиумите плука по личностите во Македонија кои зад себе имаат создадени вредности, вредности вградени во Македонија и чии ставови се промакедонски!
Колку и е Македонија значајна на Европа, т.е. на ,,меѓународната”, не знам.
Колку и е значајна на Америка?
Читам и слушам многу значајна, што е добро да се чуе, тешко да се верува со оглед дека подобрите американски универзитети имаат годишен буџет од 35-40 милијарди долари.
Зошто е ова важно?
Само како идеја за нашата ,,значајност” и затоа што Македонија има БДП 13.7 милијарди долари, со годишен буџет од 3-4 милијарди долари, плус минус.
Од првиот ден во градинка, ние Македонците треба да ја учиме приказната за жабата која сакала да биде поткована кога видела како го потковуваат коњот.
Жабата, не го преживеала потковувањето.
Фејсбук пост на професорот Горазд Росоклија од престижниот американски универзитет Колумбија во Њујорк (На сликата на средина)
Фото: ФБ архива на професор Росоклија






