Професор Кирјаковски: Шест години окупација на Македонија без воени трупи од два соседи

Професорот Атанас Кирјаковски ја анализира состојбата на Македонија во последниве шест години и заклучува дека ситуацијата е како од 1941 – 44 кога земјава била под бугарска окупација со една разлика.



Сега окупацијата не е со војска туку со окторирана локална администрација.

,,Република Македонија од 2017 г. е под комбинирана политичка окупација на две соседни земји кои имаат поставено октроирана администрација како тукашна власт која ги исполнува сите нивни наредби за културоцид врз Македонците. Разликата со 1941 е само во отсуството на воените трупи”, смета Кирјаковски.

Двете земји за кои зборува професорот се Бугарија и Албанија.