Професор и сопруг на Десковска контра Димитров: Бугарија не го крши договорот со Македонија

Професорот Тони Денковски кој е сопруг на екс министерката за правда и образование која беше колешка на Никола Димитров се чуди на позицијата на вицепремиерот дека Бугарија го прекршила членот 2 од фоеорор за добрососедство.



Откако Димитров изјави дека Софија го крши договорот Десковски кој е професор по меѓународно право индиректно објаснува дека Димитров не е во право.

“Никако не можам да разберам како Бугарија можела да го прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство, во ситуација кога има само обврска да го сподели своето искуство со нас за да ни помогне во исполнување на критериумите за членство во ЕУ”, пишува Десковски кој беше еден од македонските правни експерти кои работеа на македонската тужба против Грција која беше добиена во Хаг.

Бугарија не уценува и го прекрши Договорот за добрососедство, поради што не може да има напредок во преговорите за одблокирање на македонските евроинтеграции – порача вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Тој на прес-конференција за новото партнерство со САД и Естонија, одговарајќи на новинарски прашања рече дека Бугарија го прекршила членот 2 од Договорот, кој предвидува да ни помага на европскиот пат, а не да нè блокира.

„Големиот проблем за напредок во разговорите е атмосферата на уцена. И македонскиот народ и бугарскиот народ имаат една изрека, ‘со сила нема убавина’. За вистинска блискост и вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Не може да имаме блискост и напредок кога се уценува“, вели Димитров.