Професорката Билјана Ванковска го откри својот фаворит за претседател на Република Македонија.
Коментирајќи на текст на порталот пресингтв.мк за можните кандидати за претседател на државата една од водечките македонски интелектуалци ја искажа својата желба за претседателски судир.
Ванковска изрази желба во битката за претседател на Македонија да ги види актуелниот премиер Зоран Заев и професорката Гордана Давкова Силјановска како заеднички кандидат на здружената опозиција.
Професорките Ванковска и Силјановска заедно со колегите Жидас Даскаловски, Марија Ристеска, Јован Донев и уште десетици други стојат зад иницијативата за писмото за името на 200 интелектуалци, подоцна и зад писмото одговор што весникот Гардијан одби да го објави.
Ванковска и Силјановска важат за симбол на македонската интелектуална сила која стои зад отпорот на граѓаните кон промената на името и уставот.
Порталот пресингтв.мк споменува повеќе кандидати за претседател, од премиерот Заев, преку Стево Пендаровски и екс министерот за надворешни работи Никола Попоски се до професорката Гордана Силјановска.
Целиот текст на пресингтв.мк на овој линк





