Професорот Дејан Трајковски од Битолскиот универзитет кој секојдневно прави анализи на епидемилошката состојба со ковид-19, со овој факт се спротивстави на изјавата на министерот Венко Филипче дека смртноста е секаде висока, но и дека полициски час во земјава не би придонел кон намалување на бројките.



„Денеска изјави дека смртноста била висока насекаде и дека немало потреба од полициски час и други мерки. Веднаш со факти морам да го демантирам.

На подолниот дијаграм се дадени моменталните седумдневни просеци на дневниот број на починати на милион жители од 13-те земји со најголем кумулативен број на починати од почетокот на епидемијата до денес, исто така на милион жители. ПРВИ ВО СВЕТОТ! Јасно е дека со вакво темпо Македонија ќе ги достигнува и престигнува земјите кои се повиоко од неа на листата според кумулативната смртност.

Дали ќе се најде некој да го сопре овој човек кој предизвикува општа опасност во државата, страдање и умирање со ваквите неодговорни изјави? Еве му го графикот и изворот на информации (официјалната светска датабаза за ковид-19), нека ја анализира малку пред да излезе пред камери и повторно да нѐ дезинформира“, напиша Трајковски на својот профил на Фејсбук, пренесува Плусинфо.