Универзитетскиот професор Људмил Спасов оценува дека не се грижиме доволно за македонскиот јазик, но го истакна како позитивен примерот дека во многу земји во Европа и пошироко во светот, особено во Австралија, македонската дијаспора, односно децата мораат да го учат македонскиот јазик како дел од нивната култура.
Во интервју за МИА, Спасов вели дека договорот со Бугарија, е многу важна работа и покрај несогласувањата за некои прашања. „Негирањата, не се нови, траат во континуитет и се обновуваат. Најголемиот проблем Спасов го гледа во „митот што се градел со децении дека Бугарите се главниот словенски народ на овие простори“.
Тој вели дека не треба да ја поништиме македонската историја, и тие да ја поништат бугарската, туку напротив да ги извадиме позитивните нешта, а, како што нагласува, има многу позитивни нешта што овие два народа ги врзуваат.
Професорот Спасов вели дека е голема честа што сме на некој начин наследници на Св. Кирил и Методиј и според него треба оваа нивна традиција и натаму да ја негуваме.






