Проф. Силјановска за премиерот што наликува на гладен петел

Во пост со наслов “Премиерски ваксајн сон” пратеничката Гордана Силјановска Давкова ја коментира изјавата на премиерот Заев кој откако не успеа да набави сам ниту минимална количина вакцини сега зборува за милиони и опасноста да бидат набавени премногу.

“Премиерот наликува на гладен петел што просо сонува кога задумано и загрижено прашува: што ќе правиме со четири, односно пет милиони вакцини за два милиони жители? Кога ќе се разбуди од длабокиот зимски сон, ќе види дека нема три нули”, пишува Силјановска користејќи паралела со македонски народни приказни .