Авганистанската трагедија (една од низата), по кој знае кој пат, (до/по)кажа дека: „ од надвор може да поттикнете војна, ама не можете да донесете одржлив мир и демократија, оти тие, ниту се извезуваат, ни се увезуваат, туку се садат и негуваат со децении како автохтони народни билки.
Сведоци сме на уште еден неуспешен state building. Јасно е дека либералната демократија не вирее на авганистантска почва, која ја отфрла како страно западно тело.
Непријатно е да се гледа и слуша воената , но и политичка управувачка светска елита, како по дваесет години „ демократизација“, по операцијата „потрага по Осама Бин Ладен и златното руно“, трогнато пати за тажната „судбина“ на прекрасниот авганистански народ.
Вознемирени ликови со високи функции изјавуваат дека Авганистанците заслужуваат мир и демократија, напуштајќи го Кабул во бегство и оставајќи ги во „нивниот“ дом за бесење.
Си велам: „ до кога Авганистан ќе ја живее ерата на Марс… ќе доживее ли доба на Венера?
Се прашувам:„да не треба и сите „ние“, воајерите од целиот свет да се засрамиме пред авганистанската „Герника“?
Малиот процент вестернизирани Авганистанци, од профитниот или непрофитниот сектор, сигурно ќе фатат некој лет, ама кој пат ќе фатат обичните авганистански луѓе? Ќе го бараат својот!
Проф. Гордана Силјановска Давкова





