Во текст со наслов “ПОЛИТИЧКИ ДАЛТОНИЗАМ” професорката Гордана Силјановска Давкова ја коментира вчерашната употреба на боите на пропагандниот материјал за прославата на 8ми септември и изјавите на премиерот кој збореше за боите на независноста.
Таа потсетува на 8ми септември 1991 година и вистинските бои на независноста кои сега власта сака да ги промени со лепеза на бои кои никогаш не асоцирале на независна Македонија.
За неа како експерт за уставно право боите на Македонија имаат уставна важност затоа што се дел од повеќе највисоки правни акти.
“Боите на Македонија се оние што доминираат на бабините скутници, веленца, килими, миленца, шамии, чорапи, елеци, фанели: црвената, црната и жолтата.
Боите на македонската слобода и независност се оние што се најприсутни на македонските знамиња за време на Кресненското и Илинденското востание, во Крушевската република, во НОБ, на АСНОМ – 1944, оние утврдени со уставите од 1946, 1963, 1974, она од 1991: црвената и жолтата.
Зарем сегашната власт ја ослободи Македонија, на 8-ми септември 2019 година, па измислува нови бои „на независноста“?
Неморално е да ја „ фарбате“ историјата, а и нас на денот на независноста, особено пред очите на оние кои на 8-ми септември 1991 година биле на бината на плоштадот „Македонија “, или пред неа, со развиени знамиња во боите на слободата и независноста!”, пишува Силјановска за новите бои на Македонија кои ги наметнува владата на Зоран Заев.





