Проф. Панов: Апсурдно е да се докажува припадноста на Делчев, Самоил…

Професорот од Институтот за национална историја Митко Панов смета дека утврдувањето на припадноста на Делчев, Самоил и другите историаки личности кои се предмет на комисијата за историја со Бугарија е апсурдно.



“Уште од самиот почеток беше сосема јасно дека македонско-бугарската комисија за историски прашања, во отсуство на академска дебата и научна методологија, ќе ја сведе работата единствено на утврдување на етничката (бугарска) припадност на историските личности и епохи пред 1944 г., во обид за легитимирање на новоконструираната „заедничка“ историја.

Следејќи ја ваквата формула, сета драма околу докажувањето на припадноста на Гоце Делчев е исто така крајно апсурдна како и постигнатата согласност на комисијата околу припадноста на личностите од средновековната епоха, како и прогласувањето на Самуил и неговата држава за „бугарски“, пишува Панов.

Според професорот апсурдноста е рефлектирана во проектираната индиректна порака дека научниците во Македонија треба да се задоволни, независно од отсуството на академска дебата, бидејќи за разлика од минатиот век, сега не треба да стравуваат од репресии и можат слободно да ја прифатат промената на историјата на македонската нација. Секако, согласно веќе сервираната формула и утврдена рамка на комисијата, својствено на 19 век”, заклучува Панов кој цитира бугарски историчар кој ја порврдува неговата теза.
(„На първо място, македонската страна призна, че Самуил е цар на българското царство. Няма да се уморя да повтарям, че за такова твърдение – че Самуил е български цар, даже в 60-те години на миналия век в Македония все още пращаха в концлагер”, Иван Илчев, Dnevnik.bg, 12.06.2019).

Панов објаснува дека во современа Европа, се работи поинаку – се отвара широка академска дебата, размена и спротиставување на научните аргументи!