Професорот и декан на Градежниот факултет, Горан Марковски, вели дека не е лесно да се направи форензика на опожарениот мост „Беласица“ и дека самото откривање колкави се оштетувањата ќе трае околу два месеци.
Треба да се утврдат некои карактеристики на материјалите вградени во мостот, да се знае во каква состојба се наоѓаат, а за тоа треба време, изјави Марковски во утринската емисија на телевизија „Телма“.
„Колку понатаму ќе биде потрено за да се пушти во употреба мостот ќе зависи од добиените резултати. Тоа се некои маргини. Ако се констатира дека треба некоја скромна санација, во тој случај може да потрае пар месеци.
Ако се констатира дека имаме посериозни оштетувања, јас се надевам и поскапувам да не биде таков случајот, не е лесно да се направи форензика на мост после ваков пожар.“… ви проф.Марковски.
Мостот во непосредна близина на трговскиот центар „Ист гејт мол“, беше оштетен по пожарот минатиот четврток поради што е ставен надвор од употреба.
Тоа предизвика сообраќаен метеж во центарот на градот бидејќи сега сите возила се насочуваат кон мостот кај МАНУ.







