Професорката од Институтот за македонсни јазик Симона Груевска – Маџовска мислела дека ќе се престане со практиката на нетранспарентност и работа со одбрани, политички подобни експерти, но се излажала.
Таа го коментира нетранспарентниот обид на министерката Царовска за наметнување на реформи во образованието без да се консултира експертската јавност и објаснува зошто не го поддржува концептот.
“Прво, ваква голема реформа во основното образование не се прави без консултација на научната фела, и тоа институционално, не преку лични контакти или по партиска линија.
второ, процесот беше целосно нетранспарентен, поточно случајно разбравме.
Ова нè потсетува на периодот кога се носеше Законот за високото образование на исто таков начин, поради што се формираше Студентскиот пленум, па потоа и Професорскиот пленум како поддршка за студентите.
Мислев дека ќе се престане со таа практика на нетранспарентност и работа со одбрани, политички подобни експерти, но сум се излажала.
трето, историјата е хуманистичка наука, а не општествена;
четврто, нема соодветен наставен кадар кој би можел да држи таков предмет (истото важи и за предметот Природни науки)
и петто, невозможно е да биде успешна реформата за толку кратко време ‒ да се напишат нови учебници и да се оспособи наставен кадар за да почне од наредната учебна година”, ги објавува професорката петте причини зошто е протов концептот за реформи во образованието по урнекот на Царовска.
Целото интервју на Скопско Ехо






