Проф. Кирјаковски за фалбите на власта за една година НАТО

Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски со пластична анализа на фалбите на власта за една година членство во НАТО.



“Нашето членство во НАТО и патетичниве прослави околу тоа е исто како на цело друштво да си се испофалил дека си голем љубител на книгите и дека си се зачленил во библиотека, а цела година не си изнајмил и прочитал ниту една книга”, пишува професорот за кампањата која македонскиот државен врв ја направија на годишнината од зачленувањето.