Проф. Кирјаковски: Колку бегалци треба да се примат според бројот на македонски војници во Авганистан

Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски анализира колку авганистански бегалци треба да прими Македонија ако се земе предвид бројот на македонски војници кои биле на мисија во Авганистан.



“Дури и да се сфати сериозно тврдењето дека сме учествувале во Авганистан и затоа мора да сме прифателе бегалци, Македонија учествувала само со 0.002 % (17 војници) од вкупниот број странски воени сили, и тоа само логистика. Според уделот тогаш, треба да прифатиме 0.002% бегалци”, пишува професорот.

“Според BBC, проценките се дека Авганистан во последниов бран го напуштиле околу 100,000 што преведено пропорционално според нашето учество во земјата, би требало да прифатиме 2 бегалци, а не неколу стотици. Авганистан не е наш проблем, сори”, заклучува Кирјаковски кој како предмет за споредба ја зема мисијата на НАТО Резолутна поддршка која траеше од 2014 година.

Според последните најави во Македонија треба да стигнат 780 бегалци од Авганистан а конечната бројка може да биде и неколкукратно поголема.