Професорката Тања Каракамишева – Јовановска изложува два правни случаи пред Судот на правдата на ЕУ, конкретни примери кои не се базираат на политика туку на закони врз основа на кои ЕУ мора да го почитува правото на националниот идентитет на Македонците и мајчиниот јазик на македонскиот народ.
Овие правни случаи важат и за ЕУ и за Бугарија а мора да важат и за Македонија кога ќе стане членка но и сега како кандидат за членка.
“Во случајот Runevic-Vardyn Судот на правдата на ЕУ се изјаснил дека ЕУ МОРА ДА ГО ПОЧИТУВА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ на земјите-членки, што меѓу другото, содржи заштита на националниот службен јазик. И во случајот Las, ЕУ уште еднаш ја потенцира обврската за почитување на НАЦ. ИДЕНТИТЕТ!”, открива професорката Каракамишева.
Практично кога Македонија влезе во ЕУ ќе мора да биде поништен секој обид македонската нација и Македонците да се нарекуваат Северномакедонци.
Исто така доколку некој Македонец кој сега живее во ЕУ земја членка ја тужи Унијата за нарушување на неговото право да се нарекува Македонец речиси сигурно Европскиот суд на правдата ќе донесе одлука за осуда на сите што ќе го негираат македонскиот национален идентитет како основно човеково право.






