Професорот по кривично право на Правниот факултет во Скопје Гордан Калајџиев не слушнал дека некоја држава во Европа побарала од Европската комисија независни експерти да добијат мандат да испитаат кои судски случаи се монтирани. Според него тоа што му го ветил Зоран Заев на Африм Гаши е рамно на политичко самоубиство.
Калајџиев во колумна за порталот Трилинг меѓу другото открива дека една од поголемите глупости во правниот систем кој треба да се реформира е всушност лична пресметка на кланот Заеви со бизнисменот Орце Камчев.
,,Иако владата на Заев дојде на власт со мандат да ја врати правната држава (ако некогаш сме имале правна држава), сė што добивме од оваа власт беше само карикатура на правната држава. Примери има многу, од квазиреформи до невидени глупости, како, на пример, селективната амнестија во која беше вовлечено судството, за да заврши со нескриени политички процеси како оној против бизнисменот Орце Камчев, за кој сите знаат дека е лична пресметка со браќата Заеви.
Не сум слушнал дека некоја држава во Европа побарала од Европската комисија независни експерти да добијат мандат да испитаат кои судски случаи се монтирани. Тоа е рамно на политичко самоубиство. Единствено што некој нормален министер за правда може во овој случај да го направи е да си даде оставка, а некој совесен би можел и да се обеси.
Едно е сигурно, во држава во која што владее правото се смета за недозволено извршната власт вака директно де се меша во судските постапки. Еден од меѓународните стандарди за судска независност содржан и во Законот за судовите е дека ниедна друга власт не може да се меша во судките одлуки, освен повисоките судови. Друго е тоа што стручната и научната јавност или и поопшто медиумите и сл. може да ги анализираат и критикуваат овие одлуки, но не и извршната власт. Не дека е прв пат, се сеќаваме како Јавното обвинителство и Министерството за правда се нафрлија врз едно мислење на Врховниот суд што не им се допаѓаше (она за роковите за истрагите на СЈО).
На крајот, не и најмалку важно, контрадикторно е што во име на Европските аспирации власта демонстрира непочитување на основните принципи на правната држава кои се прв услов или критеријум за пристапување кој Европската унија. Тоа само покажува дека баш им е гајле за Европа, за власт се работи, за гола власт, со сите привилегии што таа ги носи во едно корумпирано општество”, пишува професорот во својата анализа.
Целата колумна на професорот Калајџиев:






