Професорот по историја на Филозофскиот факултет во Скопје Далибор Јовановски во дебата за историските собитија меѓу Бугарија иа Македонија во контекст на Гоце Делев со прецизни и практични примери од европската историја која го открива цивилизираниот начин на кој Европа ги решава сличните историски спорови околу личности.
Во одговор на шовинистичките тези на бугарскиот европратеник Ковачев дека Македонија ја краде бугарската историја Јовановски со контрааргумент и за бугарското тврдење дека Македонија е вештачка творба формирана со документ на Коминтерната од 1934 година.
„Во Софија забораваат дека во документот на Коминтерната од 1934 покрај македонската се споменуваат и добруџанска и тракиска нација кои што сега за разлика од македонската воопшто ги нема“, вели Јовановски за кого е јасно дека тие за разлика од македонската никогаш реално не постоеле.
Според Јовановски позициите на Софија се стари, а споследен пат биле формално споменати во 2014 година на средба на МАНУ и БАН на која бугарската академија признала дека македонска нација постои само после втората светска војна но до 1944 Македонците биле Бугари.
Историчарот кој е член на историската комисија со Грција вели дека на Балканот развојот на националните идентитети е секаде ист и тој најмногу се базира на верската компонент.
Јовановски во дебатите за Македонската историја досега не добил аргумент и одговор на прашањето: Со што Македонија ја фалсификуваме историја?
Јовановски вели дека Македонија не прави проблем на Бугарите Гоце Делчев да го чувствуват за Бугарин но не може под притисок и врз некакви документи да се прифати дека тој е Бугарин.
Во овој контекст Јовановски дава пример од европската историја со Адам Мицкиевич кој што се смета за важна национална фигура во дури три држави Литванија, Полска и Белорусија но ниту една од нив не принудува друга да ја признае туѓата националност на Мицкиевич.
Сличен е и примерот со Григор Прличев , вели Јовановски. И Македонија и Грција и Бугарија можат да го сметаат за свој но не смеат никому да му наметнуваат да признае нечија ексклузивна национална припадност.
Видео од овој дел од дебатата





