Проф. Јанев: Претседателот Иванов да испрати писмо до Гутиереш за името

Договорот од Преспа мора да се прогласи за ништовен, вели во изјава за expres.mk професорот Игор Јанев експерт по меѓународно право и експерт за системот на Обединетите Нации.



Тоа според Јанев треба да го стори претседателот Иванов кој треба да испрати официјална изјава до Генералниот секретар на ОН Антонио Гутиереш.

Според Јанев изјавата мора да биде испратена бидејќи кабинетот на Гутиереш, по извештајот на Нимиц смета дека ПРЕГОВОРИТЕ се веќе ЗАВРШЕНИ со спогодбата од Преспа и дека сега имаме НОВА правна ситуација!

“Во оваа смисла барања од дел од ВМРО-ДПМНЕ да се стави КРАЈ на преговорите се застарени, бидејќи Гутиереш, по честитките до премиерите на двете земји-договорнички, смета дека преговорите се веќе ЗАВРШЕНИ со спогодбата односно Договорот од Преспа!!! Имено, со својот став и честитки “Генсекот” на ООН договорот го смета за валиден, независно од фактот дека не поминал низ сите домашни процедури. Поради оваа околност, Изјавата (за ништовност на Преспа-договорот) од страна на Претседателот Иванов треба да биде пратена до ООН!”, вели Јанев за expres.mk.

Јанев со години предлага Македонија да ги прекине преговорите со Грција и да ги информира ОН дека го враќа своето уставно име како официјално во светската организација.