„Госпоѓава Захариева ги измешала ептен лончињата. Историјата не ѝ е јака страна или го преспала тој час дека во 1948 година Тито му го рече „историското НЕ” на Стаљин. За Стаљин тогаш се одеше на Голи Оток, инаку, така што ние одамна сме расчистиле со него, за разлика од Бугарија. Југославија никогаш не била во воен пакт, туку со неврзаните, исто така за разлика од Бугарија, којашто тогаш беше во Варшавскиот пакт заедно со спомнуваниот Стаљин, а сега, пак, е во спротивниот Нато пакт. Има едно име за тие што во политиката се шалтаат од една на друга страна. Имавме ние и таков министер. Госпоѓава прво треба да се извини за злосторствата што ги правеше бугарскиот фашистички окупатор на територијата на Македонија. Памтат уште луѓето овде.



И види чудо! И тогаш Бугарија беше во воен пакт, ама овојпат со Хитлер.“, потсетува професорката Симона Груевска-Маџоска откако министерката за надворешни работи на Бугарија обвини дека во Македонија живее идеологијата на Тито и Сталин.

„Тогашна Југославија за тогашна Бугарија беше Америка, сигурно си знае госпоѓата Захариева! А ние памтиме. Тогашна Југославија уште од 1961 година учествуваше на Евровизија во друштво на западноевропските држави кои сега ја сочинуваат ЕУ, а Бугарија не можеше ни на телевизија да ја гледа.

Да не продолжувам за другите работи, многу се. Престанете со фашизмот и почнете конструктивно да создавате услови за соработка на сите полиња. Не предизвикувајте омраза кај нас со тие небулозни барања и уцени, зашто тоа никогаш не донело ништо добро!

Мене таква Европска Унија што толерира фашизам ама ич не ми треба! Подобро сам, отколку во лошо друштво! – пишува Груевска-Маџоска.

https://www.facebook.com/simona.gruevska.710/posts/383007353135772