Проф. Ганка Цветанова откри дека Захариева не знае историја, култура и дипломатија

Професорката Ганка Цветанова – Кедева реагира на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева која бара отварање на бугарски културен центар во Скопје.



Цветанова Кедева која беше минуистер за култура во Владата на Љупчо Георгиевски открива дека Захариева не си ја знае блиската историја ниту организациската поставеност на својата дипломатија.

“Кажете ѝ на Захариева (@EZaharievaMFA) дека во Македонија постои бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка помеѓу??и ?? потпишан во 2002 година од моја страна, како министер за култура, и тогашниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси”, пишува во индиректната порака на Цветанова – Кедева до Захариева.

Отлувајќи го гафот на Захариева, Цветанова-Кедева вели дека за програмата и работата на Бугарскиот културен центар и колку истиот успеал да ја им претстави и доближи бугарската култура на македонските граѓани, одговорноста во целост ја сноси бугарската дипломатија и надворешната политика.