Професорот Јован Донев смета дека доколку Бугарија инсистира на анекс на договорт за добрососедство тоа е шанса за Македонија да постави свои барања во односите со соседот.
Тој предлага Скопје да побара Софија во анексот да се откаже од територијалните барања на Бугарија кон Македонија.
Според него прославата на 3 март како ден на бугарската државност кога практично се прославува Санстефанскиот договор со кој Македонија станала дел од бугарската држава е отворена територијална аспирација.
Повеќе во прилогот на ТВ Алфа




