Даскаловски: Македонија е какистократија, каде се владее како во „Кен-ли“

Еден од водечките македонски политиколози професорот Жидас Даскаловски на пластичен начин го објаснува политичкиот систем кој функционира во моментов во земјава.



“Македонија е таканаречена какистократија каде властодршците се раководат со принципот “Кен-ли” од видеото. Замислени дека знаат и можат, дека се квалитетни и соодветни да победат, всушност не доведоа до нефункционална клептократска држава каде организираниот криминал шурува со олигарси”, пишува професорот на Факултетот за безбедност во Скопје.

Како звучи песната Cannot live на Мараја Кери која бугарската кандидатка за пејачка во шоуто Идол ја прекрсти во Кен Ли.