По 15 години прво телевизиско интервју на некогашната министерка за култура од 2000 до 2002 година Ганка Цветанова.
„Според моето лично убедување и мислење, ваква предавничка гарнитура Македонија нити имала, нити ќе има во иднина. И логично е кој било од страна да поддржува едни вакви политики, неконзистентни и спротивни на националните интереси на Македонија“, изјави професорката од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања од Скопје во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија за власта на СДСМ и Зоран Заев.
“Зошто се посега по јазикот, е затоа што јазикот е народот. Јазикот е најзначајната одредница на културниот идентитет на еден народ. И кога вие негирате еден јазик, го негирате постоењето на еден народ” , вели Ганка Цветанова, екс министерката за култура од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.
“На актуелната политичка гарнитура да и се постави прашањето зошто дозволија да разговараме за ваков апсурд. Бидејќи не станува збор за спор. Ова е апсурд за кој воопшто не треба да се разговара. Во 2009 и 2011 година договорите за меѓусебна соработка помеѓу нашиот Универзитет “Свети Кирил и Методиј” и Софискиот универзитет се потпишани и во договорите стои на македонски и бугарски јазик. За да ние сега стигнеме во ситуација да потпишуваме договори на официјалниот јазик на државата. Значи ние си ги поткопавме позициите кои ги имавме стеканто со години”, рече Цветанова .
Околу тоа дека ако Заев победи на изборите ќе ги спроведе сите договори до крај, Цветанова верува дека така и ќе се случи и дека СДСМ ќе излезе во пресрет на сите барања од соседите.
“Но, доколку народот на 15-ти јули не им даде втора шанса, нема тоа да се случи. Во таа смисла затоа сите треба да бидеме многу одговорни, во интерес на сочувување на националните и државните интереси. Гледаме сега владеачката гарнитура како ги убедува граѓаните дека македонското прашање е затворено и за тоа нема што повеќе да се дискутира, а од бугарската страна молк. Молкот е многу индикативен. Тоа е за да не им го срушат и онака слабиот рејтинг на СДСМ. Бидејќи оваа гарнитура им одговара на Бугарите, за да продолжат да владеат со Македонија. Ваква политичка предавничка гарнитура на СДСМ, ниту имала ниту ќе има Македонија”, децидна е Цветанова.
Во емисијата Цветанова покрај за понижувањето на македонскиот народ од власта преку договорите со Грција и со Бугарија и за барањето за преименување на македонскиот јазик зборува и за други актуелни теми.
Целата емисија „Заспиј ако можеш“ во продолжение:
https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/197429421705682/?sfnsn=mo&d=n&vh=e





