Д-р Ристо Цицонков, редовен професор на Машински факултет – Скопје, изнесува некои недоумици околу цената на изградбата на Хидроелектричната централа „Чебрен“.
Мицковски: Ај честито уште една милијарда дубиозна инвестиција
„… Проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра со која е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала Чебрен, со инсталиран капацитет од најмалку 333 MW. ХЕЦ Чебрен е предвидено да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад …
Во информацијава нема многу работи за кои јавноста би требало да биде запознаена, вели проф.Цицонков во напис за „МКД.Мк“
„На пример, дали произведената електрична енергија (целосно или делумно) ќе ја користи РМ или ќе оди на отворен пазар?
„Чебрен“ ќе го градат Грци – ние ќе купуваме наша струја на берза
Дали на концесионерот му се дава плус како бесплатна концесија ХЕЦ Тиквеш со капацитет од околу 110 MW, а со тоа се дава и можност да остварува дополнителни приходи од овој систем? прашува професорот.
Според него, поводот да го подготви и да го објави овој напис е цената наведена во информацијата на Владата, се работи за износ од околу една милијарда евра за изградба на овој објект.
Да направиме споредба – вели професорот – со цената наведена во актуелни владини документи прикажани подолу:
- “Стратегија за развој на енергетиката во РМ до 2040 година“, објавена во 2020 година:
Цена: 550 милиони евра; капацитет: 458 МW, (1,207 милиони евра/МW);
- “Програма за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година“, 2021 г.:
Цена: 550 милиони евра; капацитет: 458 МW;
- “Капитални проекти“ публикација на ЕСМ, 2022 г., вебсајт на ЕСМ во септември 2023:
Цена: 550 милиони евра; капацитет: 458 МW;
Во информацијата на Владата е наведено дека капацитетот на ХЕЦ Чебрен ќе биде 333 МW (а не 458 МW). Ако ја пресметаме вредноста на објектот користејќи ја единечната цена од 1,207 милиони евра за МW (дадена во Стратегијата), тогаш соодветната вредност ќе биде:
333 МW х 1,207 милиони/МW = 400 милиони евра.
Владата вели дека избрала понуда од една милијарда евра, а според проценката (пресметката) во нејзината Стратегија цената би требало да биде околу 400 милиони евра.
Разликата е огромна, не е 5 или 10%, туку 2,5 пати, вели Цицонков.
Се работи за факти, односно актуелни документи од Владата на РМ кои се содржани на сегашните вебсајтови. Да напоменам дека Стратегијата за енергетски развој на РМ ја има изработено МАНУ, а за потребите на Владата.
Потребно е Владата да даде образложение за огромната разлика во цената за изградба на ХЕЦ Чебрен.
Можеби и МАНУ, кој ја изработил Стратегијата, треба да даде свое мислење за цената“ вели професорот Цицонков според кој проектот мора да се спроведе коректно и на транспарентен начин..
… „Отрпнавме дури и на милијарда евра. По “Бехтел и Енка“ навикнавме некако. А овие пари (задолжувања) ќе ги плаќа народот“, вели на крајот професорот Цицонков.








